Јас сум Викторија (Јованоска) Еленова. Родена и израсната во Скопје, во Република Македонија.
Дипломирав на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје на групите: македонски јазик и јужнословенски јазици, италијански јазик и книжевност и англиски јазик. Потоа магистрирав на истиот факултет, италијански јазик. Додуша, тезата којашто ја работев се однесуваше на двата јазика, на италијанскиот и на македонскиот, беше од областа на споредбената граматика.
Сега сум трета година на докторски студии по андрагогија на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски”. Oва последново ќе рече дека ја истражувам проблематиката за образование на возрасни, односно “Методи и изработка на дидактички материјали за предавање странски јазик на возрасни слушатели”.
За време на сите овие дваесет години работно искуство, предавам италијански јазик во приватни, државни училишта и на универзитети, но паралелно предавам и македонски јазик на странци. (Универзитет на Југоисточна Европа www.seeu.edu.mk , Прв Европски универзитет www.eu.edu.mk , Центар за странски јазици www.csj.com и други)
Би сакала да упатам дека при наставата по македонски јазик, ќе се служам со англискиот и со италијанскиот јазик, зависно од јазикот којшто го познаваат кандидатите. Се разбира, ќе отстапам простор и за часови по италијански јазик.
Омилените поминувања на времето ми се врзани со: сопругот и моите две деца, театарот, операта, музиката и поезијата.