Курсевите ќе се одвиваат он-лајн, индивидуално, со еден слушател. Врската се остварува преку Skype, Gmail или Zoom. Времето за час, односно распоредот на часови ќе биде утрврден однапред и нема да има можност за отстапки (освен во посебни ситуации). Часовите траат 60 минути. Ќе бидат земени пред вид различните временски зони, па така часовите ќе се одржуваат во пристоен дел од денот за кандидатите.
Првата средба од 60 минути е бесплатна. Тоа е моментот на запознавање, утврдување на нивото на претходното владеење со македонскиот јазик и утврдување на целите, методите и распоредот за часови. Потоа се пристапува кон потпишување на Договор за соработка.
После запознавањето со кандидатот и ислушување на неговите потреби за изучување на јазикот, како и утврдувањето на текот и динамиката на учење, кандидатот ќе добие индивидуален наставен план (силабус).
Часовите ќе бидат концепирани во блокови, но цената за час ќе биде поединечна.
Блокот од часови е смислено поврзан со определена јазична единица. Во текот на курсот, предвидени се различни видови на проверки на знаењето, но тие ќе се прават без присуство на наставникот.
Во цената на часот вклучена е и цената за наменскиот дидактички материјал којшто ќе се употребува на он-лајн час средбата. Материјалите кои ќе бидат потребни за изработка на еден блок, ќе бидат доставени до кандидатот после уплатата на истиот, со добивање на лозинка за пристап кон Google Classroom.
Предвидени се различни видови курсеви по македонски јазик:
ОСНОВЕН – ПОЧЕТЕН
(курс адаптиран на потребите, времето на располагање на кандидатот, како и на неговите компетенции за восприемање јазик)
КУРС ЗА СЕНЗИБИЛИЗАЦИЈА
(почетен курс по јазик и култура за кандидати кои што се подготвуваат за преселба во Македонија)
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА СПЕЦИФИЧНИ НАМЕНИ
(курсеви кои покрај современ јазик третираат правна, економска, медицинска или техничка проблематика). За овие курсеви потребно е претходно утврдување на А2 ниво.
КУРС ПО КОМУНИКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ
(за оние кои пасивно го познаваат македонскиот јазик, имаат потреба од стимул, корекции, динамика и вештини за негова правилна употреба)
ИНТЕНЗИВЕН КУРС ВО 30 ЧАСА
(за сите кандидати кои имаат цел во многу кратко време да стекнат основни познавања од македонскиот јазик)
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ДЕЦА, ПРЕАДОЛЕСЦЕНТИ (8-13 ГОДИНИ)
(со претходно подготвен концепт според потребите, желбите и времето на кандидатите. Можно ќе биде работење
во мали групи: 2 или повеќе деца од исто семејство и родители со деца)